Search
Search

Поради монтирање семафори утре побавно ќе се вози по улицата Февруарски Поход

Екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ утре во 8:30 часот ќе започнат со монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булевар АСНОМ и улицата Февруарски Поход.

За време на изведување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато. По должината на улица Фебруарски Поход нема да има прекин во сообраќајот, туку тој ќе се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на булевар АСНОМ кон улицата Февруарски Поход ќе бидат слободни десните вртења за да можат автобусите непречено да се движат, а возилата ќе ја користат истата лента, како и околните сообраќајници околу паркиралиштата – информираат од „Улици и патишта“.

АКТУЕЛНО