Поради синдикален протест утре во 09:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека протестот ќе се одвива по улиците „Мирче Ацев“ – ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Владата.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издава полицијата по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.