Search
Search

Познатиот лик Тошо Малерот со поддршка за Стево Пендаровски

 

Популарниот Тошо Малерот дава поддршка за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски. Васко Тодоровски, актерот кој го глумеше Тошо Малерот кажа дека Пендаровски е единствениот кој се сетил на К-15.

„К-15 е најоригиналниот концепт и најгледна емисија во телевизиската историја на Македонија. Тоа е факт. А Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за К-15. И тоа е исто факт“, рече Тодоров.

Јавна поддршка за втор мандат за претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи започнаа да даваат голем број на граѓани, активисти, писатели.

Вчера јавна поддршка дадоа архитектот и политиколог Тони Поповски, кој порача дека Пендаровски е умерен политичар кој обезбедува смирувачко присуство во политичкиот простор и има капацитет да посредува помеѓу лутите партиски ривали. Бизнисменот и писател, Зоран Спасов-Ѕоф напиша дека Пендаровски е единствениот урбан лик во било која политичка гарнитура до сега и кажа дека му се допаѓа што Пендаровски не се потчинува на власта и се грижи за спортот и културата.

АКТУЕЛНО