Search
Search
Фото/ Градска редакција

Министерството за култура ја презема Универзална сала, Арсовска треба да ја предаде за седум дена

Советниците на Град Скопје на денешната седница изгласаа инцијатива за времено да  му ја отстапи  Универзалната сала на Министерството за култура.

„ Се прифаќа иницијативата за времено отстапување на корисничко право на објектот Јавно установа „Универзална сала„ во Град Скопје на Министерството за култура на Влада на РМ. Се задолжува градоначалникот на Град Скопје во рок од седум работни дена од усвојување на иницијативата да подготват предлог одлука за времено отстапување на објектот и да му ја доставуваат на советот на првата наредна седница за усвојување . Се задолжува градоначалникот на Град Скопје во рок од седум дена да подготват договор за промена на инвеститорот Град Скопје на Министерството за култура„ рече претседателот на советот на Град Скопје Трајко Славевски .

Предлогот иницијативата ја предложи група од советници на СДСМ, а против ова одлука беше само групата советници на Левица.

-Отстапувањето ќе биде од времен карактер, односно откако Универзална сала ќе биде завршена повторно ќе биде вратена на Градот. Преземањето е потребно за да може Владата преку Министерството за култура да ги спроведува сите постапки за реконструкција“, се вели во иницијативата на СДСМ.

Советниците од СДСМ досега двапати доставија ваква иницијатива со цел Владата да ја реконструира салата, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска тоа не го прави ниту има намера. Но, иницијативата не беше прифатена од другите советнички групи.

Иницијативата е поднесена врз основа на дописи од министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска од 20.01.2023 годин а и 28. 02.2023 година до координаторите на советничките групи, а имајќи ја во предвод важноста за побрзо ставање во функција на објектот на Универзална сала.

Отстапувањето треба да се изврши согласно Законот за користење и располагање на ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост, како и согласно Законот за градење.

За реализација на одлуката неопходна ќе биде промена на инвеститорот од Град Скопје на Министерство за култура, за што ќе биде потребно да се склучи посебен договор со кој ќе се регулираатр правата и обврските на двете страни.

Универзална сала е затворена 8 години, а градежните работи за реконструкција почнаа во септември 2021 во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов. Според проектот, салата требаше да се гради во две фази, прво надворешноста за што беа обезбедени околу 2 милиона евра од Владата и префрлени на наменска сметка на Град Скопје. По завршување на надворешноста според планираното во 2022 година требаше да се уреди внатрешноста.

Сепак ништо од ова не се случи бидејќи отако Арсовска стана градоначалник, градежните работи беа прекинати, а таа го обвини претходното раководство дека е виновно што салата не се гради оти направило небезбеден проект.

Арсовска на оваа тема тврдеше дека е во право и јавно се искара и со Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), проектантите и со министерката  Костадиновска-Стојчевска, на прес-конференцијата која лани во февруари ја свика Министерството за култура за наоѓање заедничко решение и договор за соработка.

 

Н.Ш


Арсовска не ја спомнува, советниците бараат трета шанса за Универзална сала

АКТУЕЛНО