ФОТО: Wikimedia commons

Предупредување за невреме за граѓаните и туристите во Грција

На граѓаните на Солун, Лариса и другите области во северна Грција им стигна предупредување во вид на СМС порака за итни случаи поради невремето што се очекува во текот на денов.

Во пораката е наведено дека временските неприлики, како град и грмотевици се очекуваат во текот на денот, пренесува весникот Kathimerini.

Во предупредувањето се наведува дека во текот на невремето би требало да се избегнува поминување под големи дрва и поставени знакови, да се исклучат електричните уреди или телефоните, затоа што громовите можат да поминат низ жиците, и да се одбегнува допирање на водоводните цевки, затоа што и тие се проводници на струја.

Се додава и советот, ако некој се најде на отворено да не се приближува на метални предмети како што се автомобили, а ако е некој во морето веднаш да излезе.

ЕРТ пренесува дека од вечерва се очекува невремето постепено да почне да ослабнува.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави