Search
Search

Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 15 степени.

Според УХМР, во наредните денови ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.

 

АКТУЕЛНО