Фото/Социјални мрежи

Протест пред ЈО во Скопје за трагедијата во  модуларната болница во Тетово

Во Скопје денеска беше организиран протестен марш на кој правда за изгубените животи побараа семејствата на 14-те жртви кои изгореа во пожарот во тетовската модуларна болница.

Протестниот марш започна од плоштадот „Скендербег“, а заврши кај Основното јавно обвинителство на РСМ, кое според членовите на семејството „замижи пред правдата и ги штити одговорните за трагедијата каде живи изгореа 14 лица“.

Апелираме до граѓаните на Скопје и другите градови да не поддржат во потрагата по правдата, а апелираме до политичките партии да се држат настрана од злоупотреба на нашиот протест за политички придобивки“, рече Мумин Исмаили, кој ја загуби својата мајка во пожарот.

Тој, заедно со Ибин Емши, кој ги загуби братот и таткото, рече дека одлучиле протестот да се одржи во Скопје, каде пред обвинителството таму ќе бараат правда „бидејќи неправдата и корупцијата потекнуваат од таму“.

Н.Ш

АКТУЕЛНО