Search
Search
Фото/Општина Аеродром

Првачињата на Аеродром ќе добиваат 6 месеци бесплатни часови пливање

На овој начин, се грижиме најмладите континуирано да добиваат дополнителни спортско-рекреативни активности како дел од наставата, со што придонесуваме кон нивниот правилен раст и развој. Оваа и во новата учебна година, сите првачиња и децата со попреченост од основните училишта, ќе посетуваат пливање 6, наместо 4 месеци.

Фото/Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во рамките на своите активности присуствуваше на еден часовите кои се реализираат во објектот „Скај Велнес“, при што ја потенцираше важноста на овој проект кој за дечињата обезбедува дополнителни спортски содржини и можност за правилен психофизички развој.

,,Во време на забрзана дигитализација и живот со социјални мрежи, една од најважните работи е да не заборавиме на поддршката на детскиот раст и развој, преку промоција на спортот, активниот и здрав начин на живеење. Убеден сум дека преку спортот можеме за момент да ги оттргнеме младите од модерниот начин на живот и да ги вратиме на патот на правилниот развој, игра и спортување.”, напиша градоначалникот Муцунски во својата Фејсбук објава.

АКТУЕЛНО