Search
Search

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена ќе се вратат на работа, така одлучи Управниот одбор на претпријатието

Управниот одбор на Јавното претпријатие Комунална хигиена одлучи да ги врати претходно избрканите од работа од директорката Козана Мазнева.

Првично веднаш после отказите, Управниот одбор одобри враќање на работа шестмина кои беа избркани од Мазнева од вкупно 34.

Од друга страна во неколку наврати Државниот инспекторат на трудот при Министерството за труд и социјална политика  по инспекциската вонредна контрола утврдиле дека неосновано се избркани 31 вработен од ЈП Комунална хигиена-Скопје.  Во решението кое го обезбеди Градска редакција се вели дека ЈП Комунална хигиена не постапила по првичното решение на инспекторатот, па сега им е доставено второ решение кое по 10 дена треба да постапи и да ги поништи одлуките за отказ на 31 вработен од комуналец.

Фото/Градска редакција

Потсетуваме дека поради штрајк  на неколку вработени во ЈП Комунална хигиена Скопје, директорката Косана Мазнева им даде отказно решение на 34 вработени во ова јавно градско претпријатие.

Н.Ш.

АКТУЕЛНО