Работниците зе жалат – не се почитуваат препораките за топлото време

Работници во голем дел од фирмите во повеќе градови во земјава пријавуваат работа на отворено од 11 до 17 часот додека трае забраната во услови на топлатен бран. Пријави пристигнуваат од градежниот сектор, текстилниот, но и за од државни и локални институции. Синдикалните организации велат расте свеста и кај работници, но и кај граѓаните за заштита на здравјето на работниците кои работат на отворено, но и за бремените жени. Инспекторите низ земјава се на терен, вршат инспекциски контроли за да извршат надзор дали се почитуваат препораките на Владата.

Изречени се вкупно 13 инспекциски мерки и тоа девет решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и четири решенија за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави