epa10002061 Prime Minister of Albania Edi Rama attends the joint press conference during the Open Balkan Summit in Ohrid, Republic of North Macedonia, 08 June 2022. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Рама: Србите мора да се вратат во институциите, Косово мора веднаш да распише нови избори

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за телевизијата Клан, истакна дека ситуацијата на Косово е опасна и непотребна. Вели дека единствениот став на САД и на сите лидери на ЕУ е враќање на Србите во институциите и распишување нови избори.

„Не е моја задача да барам чија е одговорноста. Ставот на Тирана е ист како оној на Брисел и на Вашингтон. Моменталната ситуација на северот на Косово е неприфатлива. Косовските власти треба веднаш да распишат избори, а Србите да се вратат во институциите“, е оценката на Рама.

АКТУЕЛНО