Реакции до Апасиев: Со такви простачки транспаренти не се оди на протест!

На социјалните мрежи стигнаа првите реакции за фамозниот транспарент на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој беше изложен пред јавноста на синоќешниот протест за скандалозните случувања на Клиниката за Онкологија.

Иако транспарентот беше насочен против владеачката партија СДСМ, одбрана стигна од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој на сликата што го држи овој афирмативен и едукативен транспарент е униеврзитетски професор и лидер на една партија. Кој простаклук !“, реагираше докторот Андон Чибишев од партиската комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Чибишев, имаше и други негативни реакции на социјалните мрежи.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави