Санација да, реставрација не на старите куќи во „Ново маало два“ која се наоѓа во центарот на Скопје

Шетањето низ калдрмeните сокаци со стари куќи во „Новата маало 2“, во центарот на Скопје, буди носталгија не само кај нас туку и кај неколкумина жители кои фанатично го чуваат ​​своето вековно огниште.

Иако може да биде туристичка атракција и за странските и за домашните туристи, се чини дека е запоставен.

фото/Градска редакција

Панче Трифуновски, 83-годишен жител на населбата, за Градска.мк вели дека немаат добри односи со општина Центар бидејќи не им излегува во пресрет на жителите населбата.

„Општина Центар ни дозволува да правиме санација, но не и реставрација на куќи. што значи може да смениме прозорци врати или кров, но не и да правиме надградби или доградби, со што би се сменило обликот на објектите„

Тој се жали дека населбата нема канализација, а водоводот го поставиле со свои финансии.

Чичко Трифуновски се сеќава и на убавите моменти кои ги доживеал во оваа населба, кога правеле забави во стариот дел на Чаир, кога во близина имале универзитет, кој потоа  беше срушен и претворен во паркинг  на граѓаните кои го посетуваат градскиот трговски центар..

Се обративме до општина Центар да дознаеме каков статус има ова маало, од таму добивме ваков одговор.

фото/Општина Центар

-Предметната локација е разработена на ниво на детално урбанистичко планирање и за истата на сила е Деталниот урбанистички план со наслов „Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Голем Ринг Јужен дел – Исток (Опфат помеѓу улиците: ул. Васил Аџиларски, река Вардар, бул. Кочо Рацин и ул. Мирче Ацев), Општина Центар – Скопје“, донесен со Одлука бр. 07-9816/10 од 21.12.2012г. од страна на Советот на општината.- стои во одговорот на Општина Центар.

На 01.01. 2021 Уставниот суд го замрзна мораториумот за Општина Центар. Од тогаш се отвори и патот за градби во нај атрактивниот дел на градот, и после тоа се огради големиот простор кај паркингот спроти Холидеј-ин и почнато е со долго најавената изградба на висококатница.

Во скопско Маџир Маало ќе можат да се градат 48 хотели, 50-тина згради и два деловни објекти, во планот сега е зацртана и маркичка за градинка и зелени површини кои ги немаше со претходниот ДУП донесен во 2012.

Според ДУП-от, максималната висина на објектите е приземје, 5 ката плус поткровје.  На сите сообраќајници се предвидени велосипедски патеки, оставен е простор меѓу зградите, а исто така извршено е поместување на сообраќајниците кои минуваат низ парцелите на граѓаните со што околу 50 имоти на граѓаните се спасени, односно не влегуваат во трасите на новите булевари кои се предвидени со ГУП-от.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави