Секојдневно низ улиците се појавуваат исфрлени или малтретирани домашни миленичиња, граѓаните барат решение или казни

Малтретирани животни, напуштени мали кутриња и мачки оваа е секојдневната слика на скопските улици но и во другите градови низ Македонија. Активисти и граѓани секојдневно објавуваат фотографии на различни форуми на социјалните мрежи од исфрлени животни во улици или на периферијата на градовите.

Крајно време е да се најде институционално решение и да се прекине со ова нечовечко однесување кон животните. Еден граѓанин на социјалните мрежи објави статус на кој се бара да се преземе нешто од институциите, или па да се соберат потписи или крајно да се обратат и кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Секојдневно гледаме крајно вознемирувачки фотографии од малтретирани животни, никој не завршува казнет. Јас сум најобичен граѓанин на оваа држава, ги сакам премногу животните . не сум активист ни здружение, би сакал да се обратам некаде за да направиме нешто да се стави крај на овој пекол, да бидеме горди на нашата држава. Но не знам каде би било нај соодветно кој би можел да направи нешто. Ако треба ќе се обратам о до претседателот на државата, нека се соберат и потписи за да нешто се помогне… Ве молам посоветувајте ме, навистина мора да се стави крај на ова. Спремна сум и премногу сакам да помогнам. Протести, реакции ништо не помагаат а мора да постои начин, се надевам дека постои, се вели во реакцијата.

Пред неколку дена Градска редакција објави слики од социјалните мрежи каде се гледаше како еден коњ се движи во патот во близина на Долно Соње, изнемоштен и повреден. А слики секојдневно се објавуваат на групите во социјалните мрежи од малтретирани домашни миленичиња.

Н.Ш

АКТУЕЛНО