Search
Search

Како ја угости Рама, италијанската премиерка Мелони

Албанскиот премиер Еди Рама во Валона ја угостил италијанската колешка Џорџа Мелони, која го нарече „сестра на Албанија“.

Мелони дел од одморот го поминала во Албанија на покана на Рама. Албанскиот премиер на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија , изразувајќи благодарност.

-Сестра на Албанија, брат на Италија“. Ти благодарам Џорџа, ми беше чест, напишал Рама.

Италијанските медиуми ја пренесоа и неговата изјава дадена за време на посетата на Мелони дека таа „не греши во меѓународната политика и затоа тој особено ја цени“.

Џорџа е пријател и е се освен фашист, рекол Рама.

Премиерката на Италија, во понеделникот доцна попладнето пристигна во Валона со траект.

Таа го прекина одморот во Пуља, на фарма кај Чеглие Месапика и замина за Албанија, а со тоа одговори на поканата на Рама, кој за италијанските медиуми изјави дека ја поканил да одмори во Албанија.

Беше најавено дека ќе остане два дена, но престојот со сопругот, ќерка и, нејзината сестра и зетот го продолжи. Беа сместени во владината вила во Дерми кај Валона.

Нејзината посета дојде во време кога италијанските медиуми посветија многу текстови на албанскиот туризам, а според албанските медиуми дури 500 илјади италијански туристи претпочитале ова лето да одмараат во Албанија.

Во истовреме, ден пред неа, со хеликоптер во Химара пристигна поранешниот премиер Тони Блер, кој е советник на Рама, наводно и тој на одмор а си замина вчера попладне.

Италијанските медиуми пренесоа дека на неформалната средба Рама-Мелони покрај другото разговарале за изградба на нуклеарна централа на албанска територија, што би била италијанска инвестиција.

Сепак кога веста дека неколку Италијанци избегаа без платат во ресторан во градот Берат стана вирална на социјалните мрежи, таа му нареди на италијанскиот амбасадор да ја плати сметката.

„Оди и плати ја сметката за овие идиоти“, Рама ја цитираше Мелони како му кажува на амбасадорот.

Франческо Лолобриџида, италијанскиот министер за земјоделие, беше исто така во Албанија и кажа дека се работи за национална гордост.

„Таа се понуди да ја плати сметката. Амбасадорот беше на пат назад за Тирана и можеше да го направи тоа. Неколку нечесни индивидуи не смеат да ја посрамотат целата нација“, кажа Лолобриџида.

 

 
 
 
 

 

 

 

АКТУЕЛНО