Шест работи коишто никако не смеете да ги оставате во автомобилот кога се големи горештини!

Во текот на летната сезона, оставањето на одредени предмети во вашиот автомобил може да биде ризично и опасно не само за вас, туку и за вашиот автомобил. Додека летото е во полн ек, еве што треба да избегнувате да чувате во вашиот автомобил во текот на најтоплиот период од годината, пишува „Калибер карвош“ (Caliber Carwash).

Пластични шишиња

Шишиња со вода, шишиња за бебиња и други пластични садови не смеат премногу долго да стојат во врел автомобил. Пластиката што била изложена на екстремни температури може потенцијално да ослободи опасни материи како бисфенол А (БПА) – честа хемикалија која се наоѓа во пластиката – во вашата течност. Најдобро е да избегнувате да консумирате сè што е направено од пластика која извесно време стоела во вашето возило.

Електроника

Мобилните телефони, лаптопите, камерите и другите електронски уреди не се производи што можат да се справуваат со високите температури. Целата електроника има опсег на работна температура кој е дизајниран за безбедна употреба. Кога електрониката се остава во врели возила со часови, тие најверојатно ќе бидат оштетени од топлината, при што батериите може да се прегреат, да дојде до нивно прегрејување или пукање. Пластичните компоненти на електронските уреди би можеле да се растопат и да создадат голем неред кој треба да се исчисти.

Лекови

Многу лекови се наменети да се чуваат на температури кои не се екстремни. Не треба да чувате лекови во вашиот автомобил, без разлика дали е топло или ладно, бидејќи и двете состојби можат да влијаат на лекот. Ако лековите се остават надвор од препорачаната температура, лекот може да се промени и да го загрози здравјето.

Запалки

Запалките се направени од запалив материјал кој ќе се прошири и евентуално ќе експлодира, создавајќи опасност од пожар ако се остават на висока топлина. Иако температурите би требало да бидат екстремни за да пукне запалката, најдобро е да го отстраните овој предмет, бидејќи токму тоа може да се случи во текот на летото.

Храна

Без разлика дали станува збор за лесно расиплива храна, храна за домашни миленици или конзервирана храна, храната не треба да се консумира доколку се остави во возилото 1-2 часа, во зависност од температурата на вашиот автомобил. Не само што храната може да ја оштети вашата внатрешност, туку е и ризична да ја консумирате, бидејќи може да се создаде бактерии и да предизвика болести, со што ќе го загрози вашето здравје.

Аеросолни лименки

Аеросолните лименки како што се лак за коса, дезодоранси и боја во спреј имаат предупредувачки етикети кои ги предупредуваат купавачите да избегнуваат изложување на лименките на температури над 49 степени. Кога аеросолните лименки се чуваат во услови над 49 степени, притисокот ќе се зголеми, што може да предизвика пукање на лименката, оштетување на вашиот автомобил, оштетување на она што е во близина, па дури и ослободување хемикалии во воздухот.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави