Шести ден Мицкоски го нема во јавност, кој го советува на апстиненција?

Иако до почетокот на официјалниот старт има уште помалку од десет дена, а неофицијалната кампања е на големо почната, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски шест дена нема во јавноста.

Претходно, Мицкоски и по двапати во денот излегуваше со свои изјави, ставови и коментари, но веќе шести ден воопшто го нема во јавноста.

Дали собира сили пред кампањата или е некаква тактика, официјално не се знае но како што дознаваме од извори од ВМРО-ДПМНЕ, агенциите за односи со јавност што ги ангажирал му советувале за да не си го расипе рејтингот најдобро му е да не се појавува често во јавност иако кампањата само што не почнала и сите партии и лидери се со полни агенди.

На Мицкоски наводно му било и забележано дека при настапи на медиуми имал контрадикторни изјави како таа дека не бил асистент на татко му а пред неколку години кажа дека бил, како и за немањето одговор на прашањето кој е планот на ВМРО-ДПМНЕ за европската интеграција на земјата.

На профилите на социјалните мрежи на Мицкоски последната негова објава е од 17 март, кога честита Прочка, а од истиот датум е и последната објава во која се споменува Мицкоски на сајтот на партијата.

Во меѓувреме, со јавни настапи примарна улога во партијата зазема потпретседателот Александар Николоски. Тој дури беше и човекот кој кажа кој ќе биде носител од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица пет, иако тоа обично го прави претседателот на партијата.

АКТУЕЛНО