Search
Search

Што треба да знаеме ако се разладуваме во јавни и домашни базени?

Сезона на летни топли денови, чаре граѓаните наоѓаат во освежување со вода, и тоа на море надвор од државата, јавни базени, тие што им дозволува буџетот во домашните изградени базени и тие со по мал буџет во гумени или пластични базени поставени во нивните дворови, опција за освежување е и  често туширање во бања.

Фото/ Инстаграм профил

Колку се здравствено безбедни базените? Колку треба често да се чистат и како треба да се одржуваат домашните базени? Градска редакција разговараше со Јане Мегленов експерт за поставување на опема на базени и претставник на „Акуа Поинт Базени„  фирма која прави местење на се што спаѓа под опремата на базен, систем за филтрирање, изолацијата на базенот, и завршно бојата или плочките на базенот.

Според него јавните базени се чисти колку што граѓаните внимаваат на неговата чистота. Според него јавните градски базени имаат систем на филтрирање, но граѓаните треба да внимаваат да не го загадуваат кога се капат. Исто така, според него и дома поставените базени кои имаат инсталирано филтери треба да се одржуваат редовно,  кај нив системот за чистење треба редовно да се пуштат навечер. Кај малите гумени или пластични базени најчесто хигиена се одржува со целосно менување на водата.

Градска редакција: Колку се здравствено безбедни јавните базени кои се поставени низ државата и дали се чисти за капење?

Мегленов: Ако се добро одржувани имаат добар систем на филтрирање и нормално луѓето кои ги користат овие базени внимаваат на хигиената,  да се безбедни но ако не се одржуваат и луѓето не внимаваат на хигиена тогаш не се се здравствено безбедни, знаете ако се врши нужда во базен се знае колку може да биде чиста водата.

Фото/Интернет

Градска редакција: Колку се безбедни базените кои се поставуваат дома кои се за еднократна употреба?

Мегленов : Кај нив, системот за филтрација ако го имаат е послаб и не може да се стави црево кое подобро прави чистење на базенот. Тие се пола аматерски базени и не е толку чиста водата. Кај нив почесто се менува водата, се празни па пак се полни.

Фото/Интернет

Градска редакција: Каква е процедурата за да имаме чист базен кој е изграден во домашни услови?

Мегленов: Водата во домашните изградени базени  не се менува, само се дополнува тоа што спарува, обично тоа се прави на 10 дена по три минути. Првично се празни малце базенот намерно, така се чисти од песок или стаклени гранули  кои се наоѓаат во филтрите, така на десет дена се пушта пумпата да работи обратно и нечистотијата самата пумпа ја отфрла во канализација. Инаку водата е чиста со филтери за целата сезона, ако се одржува добро.

Фото/Акуа Поинт Базени

Градска редакција: За да имаат чиста кристална вода како треба да поставата тие кои имаат поставен траен базен во домот?

Мегленов: За да биде комплетно чиста водата мора да се одржува редовно, да се става доволно хлор во водата, системот за филтрација   со сите хемикали да се пушта на вечер и да работи до сабајле и другиот ден водата е стакло чиста.

Н.Ш

АКТУЕЛНО