Синко, јас сум монахиња!

Назми Абдурахмани

Една од убавините на социјалните мрежи е тоа што можат да Ве вратат назад во времето или да Ве потсетат на нешто што сте напишале. Ова особено се однесува на јавно споделените искуства што сте ги имале во одредено време. Деновиве ме потсети на една случка што ја напишав пред многу години, а која се поврзува со една стара монахиња во скопските болници.На прв поглед изгледа како приказна надвор од новинарските пишувања, но за мене не е. Дури и кога ми се освежи меморијата, ги имав истите чувства, оние што го сочинуваат човечкото битие.

Настанот беше многу едноставен, јас всушност не направив ништо извонредно, само и помогнав на една монахиња, но нејзиниот одговор и однесување уште ме фасцинираат.

На болничките скали, таа се бореше да ги помине скалилата, а очите и беа полни со безнадежност и умор, нозете пак и беа тешки и измачени.

Не знам дали беше сама, но знам дека лифтот не работеше и имаше потешкотии со движењето со оглед на тоа што беше и лето. Од блиска далечина видов дека се мачи и и пријдов да и помогнам. Ја држев под рака додека се качуваше по скалите. На качување по скалите застанавме малку да се одмориме, па продолживме да стигнеме до таму каде што таа сакаше да оди. По два-три чекори ми рече: „Синко, јас сум монахиња и ми ги бакна рацете“.

Се зачудив, зошто мораше да каже дека е монахиња!. Се свртев кон неа и и реков дека јас сум муслиман и нашите религии не учат да си помагаме. Потоа ми рече: „Точно така синко, дозволи ми да те гушнам“. Ја испратив до едно од одделенијата каде што требаше да оди и ми рече „Господ секогаш да е со тебе синко„.

Кога ги слушав нејзините зборови и благодарност, имав прекрасно чувство на взаемно разбирање и сочувство. Тоа не беше секојдневна случка, беше вистинска поука за мене, а треба да е за сите.

Таа благодарност ми ги допре сите чувства, ја пробуди вистинската смисла на мојот постоење. Во онаа топлина на нејзините зборови, разбрав дека само едно мало дело на добрина може да има толку големо значење. Старата монахиња ме потсети на силата на човечката врска и моќта на малиот чин љубезност.

Во тој момент, разбрав дека човечката добрина нема граници. Без разлика на верата, чувството на солидарност и сочувство го преобликува светот околу нас. Тој е човечки свет полн со прегрнувања, разбирање и љубов. Тој е свет што не познава граници и што се грижи за секого од нас.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави