Search
Search

Скопјаните кои на аџилак тргнаа со велосипеди, сега се во Турција

Ќамуран Хирда и неговиот другар Адем Ајиќ кои од Скопје тргнаа на 2 март на аџилак во Мека планираат за 2 месеца да пристигнат во градот, а с поред информацијата што ја објави TimeBalkan тие во текот на вчерашниот ден влегле на границата Капикуле во Турција и планираат да го прослават Бајрам, на 10 април во Бурса.

 

„Ми кажуваат многу работи, зошто не одиш со авион, зошто со велосипед? Некому што не разбира, му велам: Со велосипед гледам се пред себе, лево, десно, уживам во природата онаква каква што ја создал Бог. И сакам на тој начин да уживам, и оваа обврска што ја имам како верник сакам да ја извршам вака, спортски“, рече Ќамуран Хирда кога тргнуваше од Скопје.

Адем Ајиќ вели дека претходно ги направил сите подготовки да оди со велосипед на аџилак.

„Јас веќе една година сум во психофизички подготовки. Едноставо, тоа се случи. Ниту јас не очекувам дека кога ќе отидам во пензија ќе ја исполнам петтата исламска должност на еден од потешките начини. Велат, олесни си, а не да отежнуваш. Но, убеден сум дека се однесува на халалот, бидејќи во исламот е нулта толеранција за халал и харам“, додаде Адем Ајиќ.

Но Ќамуран вели дека одел и на други вакви патувања до Чанак Кале, тој исто така им порача на сите граѓани да не патуваат со автомобили загадувајќи го воздухот туку да патуваат повеќе со велосипед. Тие преку ноќ ќе одмораат во некој хотел и шатор кој го понеле со себе, објави ТВ21.

АКТУЕЛНО