Скопје и нашето безгрижно детство

Кој ги памети овие велосипеди? Играњето ластик, криенка. Дружбата и џагорот на децата низ скопските улици – слики кои се поретко се забележуваат.

Фотографиите предизвикуваат низа измешани емоции – топлина, радост, но и тага и носталгија по она што поминало.

Ах, безгрижното детство! Тоа е прекрасен период во секојдневниот живот,кога се чувствуваме слободни и немаме многу одговорности.

Се сеќаваме на безбројни моменти од детството, игравме со пријателите надвор, градевме замоци од кал, вртевме со велосипедот безбројни кругови, истражувавме нови места и се чувствувавме дека целиот свет ни е достапен.

Н. А.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави