Search
Search

Скопска свадба на векот: Боби Фарел од светски познатиот бенд „Бони М“ се оженил во Скопје

 
 

На фејсбук страницата „The Balkans“ објавена е интересна приказна за свадбата на Боби Фарел и Јасмин Шабан што во 1981 година се случила во Скопје, тогашна Југославија, а денес Северна Македонија. Медиумите ја нарекле свадбата „Скопска свадба на векот“, на церемонијата присуствувале 400 гости и околу 10.000 фанови и љубопитни граѓани.

„Еве една интересна приказна, претпоставуваме дека многумина од вас не знаеле… Се случила во 1981 година, во Скопје (тогашна Југославија, денешна Северна Македонија).
Човекот на сликата е Боби Фарел од светски познатиот бенд Бони М, кој е фотографиран како се жени за скопјанката Ромка, Јасмин Шабан. Нивната венчавка се одржала во Скопје и тоа било огромен настан. Имале околу 400 гости, но и околу 10.000 луѓе кои го следеле настанот. Тогашните весници ја нарекоа свадбата „Скопска свадба на векот“.

Свадбата на векот, како што ја нарекле многумина, се случила во хотелот ,,Континентал’’ на 30 август 1981 година и била обезбедувана од полициски кордон, со многу новинари и фоторепортери, фанови на пејачот и љубопитни граѓани кои биле дел од турканицата пред хотелот, со цел да го видат најпознатиот скопски зет и атмосферата од церемонијата. Сепак, Боби не сакал медиумите да заработуваат од неговите фотографии, и единствени кои имале дозвола да ја снимаат свадбата биле „Вардар филм“. Боби и Јасмин биле во брак биле до 1995 година.

Боби Фарел, машкиот вокал и танчар во тоа време на ултра популарната група „Бони М“ е танчер и изведувач. Јасмин Шабан тогаш била познат југословенски фотомодел.

Боби почина на 30 – ти декември 2010 година, во Русија, на 61 годишна возраст. Неговите хитови и денес се актуелни на радио и ТВ станиците.

 
Извор: Бриф

АКТУЕЛНО