Скопските градоначалници ќе поднесат кривична пријава против Арсовска

Од „Дрисла“ не објаснуваат зошто не дозволија камионите да влезат иако градоначалниците рекоа дека ќе платат за депонирањето на ѓубрето. Во кусо соопштение обвинија дека e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.

„Ниту Општина Аеродром, ниту Општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ‘Дрисла‘, бидејќи истиот им е истечен во март месец. Се поставува прашањето каде го фрлале сметот овие две Општини во изминатите месеци ако немаат договори? Дали креирале и колку диви депонии креирале“, се вели во соопштението од „Дрисла“.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави