Search
Search

Скопје обвиено во снег…

Голем дел од Македонија повторно е под снежна обвивка, а исклучок не е ниту главниот град.

За време на овој викенд територијата на Македонија ќе биде зафатена од голем снежен бран кој ќе донесе обилни врнежи од снег и снежна бајка насекаде низ државава. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, а поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

На планините и на скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од над 30 – 40 цм, а во градовите во западните предели таа понекаде ќе има висина и до околу 30 цм. Во Скопскиот регион, како и во централните, источните и во југоисточните предели таа ќе биде со висина од 3 до 10 цм, понекаде може малку повеќе.

По овој снежен бран, следната седмица ќе имаме поларни температури кој на повеќе места наутро ќе се спуштат и до околу -10 степени, понекаде и до -15 степени. Ќе има места каде што температурата во раните утрински часови ќе се спушти дури до околу -20 степени. Многу студено и со температури на повеќе места под нулата ќе биде и преку ден, само на некои места, особено во најтоплите централни и југоисточни предели таа ќе се искачи за неколку степени над нулата.

Со ваквите наши најави, апелираат и од ЈП “Македонија пат”, да се вози внимателно, како на планинските превои, така и во градовите. Секако тие ќе бидат на терен и постојано ќе ги расчистуваат патиштата.

 

АКТУЕЛНО