Search
Search
Марко Маринковиќ Слаткар/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Слаткар: Можев да правам кариера и во Белград и Софија, но јас правам музика на македонски јазик

Сум имал прилики и во Србија и во Бугарија, но проблем е таа јазична бариера. Јас зборувам српски добро, бугарски ок, ама не се мои јазици. Јас сум автор на македонски јазик, не би можел да пишувам на друг“ рече раперот Марко Маринковиќ Слаткар во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Трн.мк“.

Тој додаде дека тој го живее тоа што го пишува и дека не би можел да рапува на друг јазик и дека брзо си ги „кинел“ соништата кога ќе почнел да замислува да гради кариера во други држави.

„Не треба само да го знаеш јазикот, туку ид аго живееш. Ние не пееме на литературан јазик, туку на уличен, на сленг. Тоа ќе го знаеш само ако си дел од градот, дел од Београд, Софија или било кој друг град“, рече Слаткар.

АКТУЕЛНО