Search
Search
Фото/Градска редакција

Паднати дрвја, заглавени луѓе на Водно – Снегот и ветерот предизвикаа низа проблеми низ земјата

Синоќешните интензивни врнежи од снег во земјата предизвикаа многу проблеми на патиштата во државата. Патот кој води од Гостивари кон Стража беше затворен за сообраќај за сите видови возила. Патната правец Градско Прилеп, во местото „Плетвар“ и обратно имаше прекин за движење на тешки транспортни возила.

Забрането е движење на тешки возила и на патинот правец кон Крива Паланка, граничниот премин „Деве Баир“.

Полициски службеници спасија тригодишно дете и тројца возрасни затрупани во жичарницата на Водно.

Како што соопшти МВР, спасени се четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои поради лошите временски услови и немање струја останале заглавени во жичарницата на Водно, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од друга страна, во текот на ноќта дуваше и силен ветер, поради што некои населени места останаа без струја, а на првите фотографии дистрибуирани на социјалните мрежи се гледаат и соборени дрва и оштетени автомобили.

Фото/Градска редакција
Фото/Социјални мрежи
Фото/Социјални мрежи

Н.Ш

АКТУЕЛНО