Фото/Градска редакција

Ја почитуваат ли скопјани „Зона 30“ во сообраќајот?

Дали забележувате низ скопските улици во градските подрачја сообраќаен знак за ограничување на брзината на движење на моторно возило? Ако возите на сите скопски улици ретко ќе најдете, бидејќи со Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата е одредено во градските улици максималната брзина на возење да е 50 км/ч, додека на подрачјата близу школи, градинки и амбуланти движењето на возилата се ограничува на 30 км/ч.

Фото/Градска редакција

На самите влезовите во Скопје  има поставени знаци за максимална дозволена брзина 50 км/ч на градските подрачја, исто така знакот за брзината е впишан и на самите коловозни ленти.

Ако во градските подрачја се вози над дозволената брзина Законот предвидува  глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде.

Министерството за внатрешни работи секој дневно објавува податоци со троцифрени бројки  за прекршоци на возачи кои се прават низ улиците во градските подрачја и за кои се одредуваат соодветни казни.

Во последно време од МВР информираа дека активирани се и камерите кои ќе регистрираат возила кои ја надминуваат дозволената брзина на возење.

фото/Градска редакција

Според Законот за безбедност во сообраќајот:

На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.

На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
– 130 km/h на автопат;
– 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
– 90 km/h на други патишта.
На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.

Моторно возило кое на пат влече друго неисправно моторно возило, не смее да се движи со брзина поголема од 40 km/h.

Возачот на велосипед со помошен мотор, мопед не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h.

На автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 km/h.
Н.Ш

АКТУЕЛНО