Со помош на ЕУ Македонија гради квалитетно, до септември ќе биде готов експресниот пат Градско-Прилеп

Делницата на експресниот пат од Дреново до клучка Градско практично се спојува со еден од најфреквентните патни правци во земјава, Градско – Прилеп. Со тоа ги поврзува источниот и западниот дел на државата и обезбедуваме комуникација и кон север и кон југ. Неговата изградба, затоа, е од големо значење за подигнувањето на нивото на безбедноста во сообраќајот во овој регион. А како дел од паневропскиот Коридор 10, односно крак 10 – д, патот од Дреново до клучка Градско, влегува и на картата на европската патна мрежа.

Овој пат има големо економско значење за сите граѓани, а посебно за жителите од Градско, Росоман, Прилеп, Битола, Ресен. Изградбата на еспресниот пат од Градско до Прилеп се реализира во две фази и тоа од Градско до Дреново и оваа од Дреново до Фариш.

Првиот дел е завршен со 98 проценти реализација остануваат уште заштитните огради и мала санација и се очекува да биде готов до септември, додека пак вториот дел е завршен со 80 проценти. Втората делница е малку покомплексна поради мостовите и тунелите на кои се работи во моментот бидејќи се работи за два тунели, 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, еден вијадукт и една галерија.

Патот е во должина од 15,5 километри, а е финансиран, во најголем дел, со пари од европските ИПА фондови, поточно над 21 милион евра европски пари и над 3,5 милиони евра државни пари.

-Инвестираме во изградба на овој експресен пат, за да создадеме побрза и побезбедна патна врска од централниот дел на државата кон Пелагонија, што е доволен показател за реализацијата на владините програмски цели за овој регион. Со ова даваме до знаење, кога се работи посветено, тогаш се градат и најтешките делници и тунели, со цел граѓаните да имаат широк бенефит. Овој пат е дел од европскиот Коридор 10-Д и поради тоа вложуваме максимални напори да го модернизираме и да го издигнеме на ниво на безбеден Коридор, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во денешниот разговор со кандидатот за пратеник Венко Филипче, кои заедно ја извозеа оваа делница и направија увид на градежните работи.

 

Фирмата која ја ангажираше ВМРО-ДПМНЕ не ги изврши договорните обврски

Јавното претпријатие за државни патишта на шпанскиот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“ му го раскина договорот за изведба на првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, на потегот меѓу Дреновската и Фаришката клисура бидејќи изведувачот неколку пати бил опоменат за исклучително ниската ефикасност.

Во 2019 година беа активирани банкарските гаранции, кои шпанскиот изведувач ги доставил за да може да ја изведува оваа секција од експресниот пат. Зад себе оставиле 35 отсто изведени работи од сето она што е предвидено со проектната документација. Шпанската компанија беше ангажирана за изведувач во времето на поранешната владејачка партија ВМРО – ДПМНЕ, на почетокот на 2016 година.

По година и пол пауза во 2021 година продолжи изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Градежниците од компанијата „Штрабаг“ ги продолжија работите на делницата Градско – Дреново, кои претходно беа оставени од италијанскиот изведувач „Тиренаскави“. На делницата Дреново – Фариш наместо шпански „Рубау“ гради кинески „Синохидро“.

По заминувањето на претходните изведувачи, и на двете делници од Градско до Дреново и Дреново – Фариш 35 отсто од работите биле завршени.

Дневно, делницата Градско – Прилеп ја минуваат во просек по шест илјади возила, од различни категории.Инаку патот Прилеп – Градско е единствен пат кој ја спојува Источна и Западна Македонија, освен преку Скопје.Делницата Дреново-Градско се гради со пари од ЕУ. Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека од 2007 до денес ЕУ вложила во Македонија околу 500.000 млиони евра во инфрастгруктурата, а многу повеќе Фондови ќе ни се отвореле кога ќе станеме членка на ЕУ.

-Треба максимално да ги користиме тие средства. Кога се работи за инфраструктура е многу комплексно, има одредени некогаш проблеми кои што се јавуваат во тек на изградбата, непредвидени работи, решавање на свлечишта, косини, тоа се дополнителни проектирања. Но, со новиот модел кој што веќе го усвоивме преку законите, преку законските измени со можност за проектирање и градба се вклопуваме во она кое што е тренд и во другите земји да во исто време се проектира и се гради. Имаме реализација на одреден автопат со нов проект и веднаш тој проект влегува во реализација. Кога работиме со стари проекти генерално ни се јавуват понекогаш проблеми со новонастанати состојби со проблеми на трасата и застој некогаш во работите, вели Бочварски.

Се градат патишта кои не биле допрени во период од независноста

Бочварски вели дека за граѓаните на Прилеп и Битола во многу наврати, уште од 2015 – 2016 година како и за Стопанските комори, најважба беше инфраструктурата , патишатата, посебно од коридот 10Д.

-И денеска ми е драго што целиот коридор 10Д од Градско почнувајќи преку овој пат експресниот до Прилеп, и од Прилеп-Битола автопатот кој што е веќе почнавме до Битола Меџитлија кој што веќе го рехабилитиравме генерално целиот коридор 10Д во моментот се работи. И тоа не било така никогаш до сега во еве 32-33 години независност на државата и ми е драго што успеавме на овој регион да му го дадеме тоа што 30 години веќе бил изоставуван од претходни политички влади итн, но денеска еве се гледа ова не може некој да каже дека не е направено или дека, денеска се возиме иако се уште е во градба, вели тој во неформален разговор со кандидатот за пратеник Венко Филипче, кои заедно возат по речиси готовата делница.

Инвестициите во патната инфраструктура се приоритет

Инвестициите во патната инфраструктура се еден од приоритетите на оваа Влада со цел Северна Македонија да продолжи да се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и модерна патна инфраструктура. Од почетокот на мандатот, оваа Влада изгради и реконструираше над 1.500 км патишта. Со сите инвестиции, граѓаните патуваат полесно и побезбедно, а компаниите побрзо и поефикасно ги транспортираат своите производи и придонесуваат во економскиот развој на земјата.

Инфраструктурните капитални инвестиции помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и да се зголеми квалитетот на живот на граѓаните.

Анализите покажуваат дека ефикасноста на Владата во делот на реализација на капиталните инвестиции е одлична дури и во време на криза. Минатата година реализирани се 79% од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Патиштата имаат значаен удел во овие инвестиции. До крајот на 2024 година целта на министерството за транспорт и врски е да имаме модерни и безбедни патишта што ќе значат побрзо движење, но и силна и развиена економија.

Во периодот пак од 2017 година до денес рехабилитирани се и изградени патишта во должина од преку 1.500 километри, а во овој момент се работи на повеќе автопатски делници, се градат нови 168 километри автопат и се рехабиитираат околу 40 километри. Досега комплетно се изградени и пуштени во употреба два нови експресни патни правци во должина од 68,5 километри, кои што се инвестиција од 110 милиони евра, а се градат и два нови експресни патишта во должина од 50 километри.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека вакво рекордно ниво на вложување се нема случено историски гледано од 1991 година, од независноста на државата до денес.

– Ако во 2022 година имавме 465 милиони евра капитални инвестиции, минатата година до денеска, инвестициите во капитални проекти се некаде 540 милиони евра и јас очекувам и таа бројка да продолжи да расте сè до последниот ден од оваа година – рече Бочварски.

Тој посочи дека се реализираат проектите и во локалните средини, и на регионалните и на магистралните патишта, и на сите проекти каде што се инвестира од државата.

Во однос на локалната патна инфраструктура, се градат преку 250 километри локални патишта низ општините, преку проектот од Министерството за транспорт и врски, во износ од 70 милиони евра. До сега комплетно е завршена реконструкцијата на 180 локални патишта и улици со вкупна должина од 173 километри, во над 65 општини.

АКТУЕЛНО