Search
Search

Со слика од “ремчето”, Орце Ѓорѓиевски “го правдаат” дека часовникот не е скап бренд

Со фотографија од ремчето на часовникот портпаролот на градоначалникот на Кисела Вода, Влатко Стојановски се закани со тужби до новинари на неговиот профил откако денеска Градска.мк и други портали објавија дека Орце Ѓорѓиевски на вчерашниот настан се појавил со доста скап рачен часовник.

Според  вчерашните фотографии  станува збор за часовник IW376803 AQUATIMER CHRONOGRAPH од IWC Schaffhausen кој се продава со официјална цена од 7.600 швајцарски франци, што е над 8.000 евра, или речиси 20 минимални плати.

Тоа се гледа и на фотографијата која е зумиранс од оригиналната, поточно компанијата IWC.

Во поглед на демантирањето, пред се секој нормален човек гледајќи ја фотографијата би си поставил прашање зошто на фотографијата е само ремчето од часовникот, а не и предната страна каде ќе го видиме брендот, а ремчињата се менливи.

Патем се тврди дека брендот е ESPRIT, но на главата на часовникот, односно предната страна никаде не може да се прочита овој бренд кој е поефтин и најчесто со драматичен или потенциран брендинг.

Исто така градоначалникот, денеска во текот на целиот ден не испрати никаков официјален демант, туку некој „пробен“ демант преку својот портпарол.

И како последно, но најважно, толку ли е тешко да се признае дека се носи скап часовник, зарем манипулацијата е подобар избор?

 


Градоначалникот на Кисела Вода шета со часовник што чини 20 минимални плати 

АКТУЕЛНО