Социологот Пајазити за Градска.мк: Кога семејството не се заснова на искрена љубов, се појавуваат сопружници-монструми

Свирепото убиство на 14-годишната Вања, каде што таткото е вмешан во целиот овој немил настан и тоа да се добие материјална корист, поставува длабоки и потресни прашања за состојбата на нашето општество.

Од друга страна и неодамнешното убиство на Лиридона Адемај (32), од Косово, мајка на две деца, чие убиство го нарачал нејзиниот сопруг за 30 илјади евра и која беше егзекутрана пред очите на децата, а во присуство на сопругот, со цел да добие милионски износ на средства од осигурувањето исто така отварат прашања за вредносниот систем на општествата во целина вели за Градска.мк универзитетскиот професор Али Пајазити.

Тој истакнува дека  овие убиства во Косово и Македонија зборуваат за длабоката криза на вредностите што ги доживуваме, за мочуриштето, моралниот блато во кој се наоѓаме како вид, како човештво, дека одиме кон колективна бездна.

„Овој феномен, значи егзекуција за пари, може да го наречеме зомбификација или манкуртизација; како што е познато, Манкуртите не препознаваат име, семејство, племе, па дури ни себеси како човечки суштества“.

Пајазити: Имаме деградација на вредностите

Професорот Пајазити вели дека егзекуцијата на друг, дури и на член на семејството, за материјална корист покажува дека деградацијата на вредностите си го зема данокот.

„Деспиритуализацијата на културата носи такви случаи кои сите нас не згрозуваат, кога директно или индиректно без замижување се егзекутираат млади луѓе кои  имале свои соништа за иднината и животот. Кога семејството не се заснова на искрена љубов, се појавуваат сопружници-чудовишта кои не ја познаваат црвената линија, кои ги преплашуваат членовите на семејството и заедницата.

 

Треба повеќе да се вложува во културализам, етиката..

Професорот Пајазити за Градска.мк вели дека вложувањето во културализам и етиката е кључно за креирање здраво и одговорно општество. Но, вели тој, не е проблем кој може да се поправи со некоја делумна интервенција на одредени стручни лица.

„Се работи за торнадо кое е тешко да му излеземе на пат. Треба повеќе да се инвестира во културализам, вредностите и етиката, на децата треба да им се даде дух, душа пред да им дадеме пари и материјални добра, за во иднина да станат луѓе во целосна смисла на зборот“.

Александар Ѓорчевски, татко на киднапиранта и убиена 14-годишна Вања заврши во притвор во затворот „Скопје” во Шутка. На него му е одреден 48-часовен притвор, кој подоцна може да биде продолжен откако ќе биде покрената истрага.

На прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски се истакна дека таткото е вмешан во киднапирањето на девојчето, откако тој ги информирал киднаперите дека таа ќе оди сама на училиште и во колку часот ќе излезе од дома.

Во притвор завршија тројца осомничени, а за Љупчо Палевски-Палчо е објавена меѓународна потерница кој е првоосомничен како организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Назми Абдурахмани

АКТУЕЛНО

Поврзани објави