Search
Search

Најубавите места во Софија не се само трговски центри и дискотеките

 Софија е прекрасен град, но поради големината може да испуштите некои од најубавите места кои кријат илјадници години историја и стилови од различни епохи. Во престолнината на Бугарија доминира сива архитектурата од комунистичката ера, но сè повеќе се истакнуваат и модерни градби.

Населението во Софиja брои над 1,3 милиони жители, и метрополитенско население од 1,7 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во рамките на Бугарија, во 1879 година, Софиjа е избрана за престолнина на современата бугарска држава.

Поради стратешката положба на Софија, таа е меѓународен центар на железничкиот и автомобилниот транспорт. Три од десетте Транс-европски транспортни коридори преминуваат преку градот: 4ти, 8ми и 10-ти. Сите основни видови транспорт освен бродскиот се застапени во градот. Во Софија има осем железнички станици, а најголемата од нив е Главната железничка станица во центарот на градот. Во близина на неа се наоѓа Главната абтобуска станица. Преку Софискиот аеородром во 2011 година се превезле 3.47 милиона патници.
Јавниот транспорт е добро развиен и изнесува 2380 км. автобуска мрежа, 308 км. трамвајна мрежа, 193 км. тролејбуска мрежа, кои ги покриваат сите раони на градот. Од 1998 година во Софија работи метро. Во 2020 година метрото има три линии со општа должина од 48 километри и 43 станици.

Градот има 16 универзитети, вклучувајќи го и Универзитетот за технологија и Универзитетот во Софија “Св Климент Охридски”, кој е основан во 1888 година.

Катедралата Александар Невски

Изградена во 1884 година под влијание од Руската империја е една од најголемите православни цркви во светот и е вистинска туристичка атракција.

Црквата Света Софија

Таа е една од најстарите во градотИзградена во 4-тиот век, а 10 векови подоцна, по самата црква било именуван и градот Софија. Црквата е изградена врз темелите на неколку стари цркви од времето на римскиот град Сердика, уништени од страна на Готите и Хуните.

Историскиот музеј на Софија

(Централната минерална бања) една од најубавите градби во Софија е Централната минерална бања, односно Историскиот музеј на Софија денес. Големата жолта зграда е преполна со историја, а градината со фонтаната надвор се одлично место за релаксација.

Комплексот Ларго

Овој комплекс во чиј склоп се наоѓаат многу значајни згради пред некое време беше реновиран. Најдобриот начин да го почувствувате ова место е од археолошкото подземно ниво, каде преку специјален транспарентен таван можете да ги гледате улиците.

Парковите во Софија

Софија е многу зелена, има огромни паркови на разни делови од градот. Јужниот парк и Боровата градина се само дел од задолжителните за посета.

Националниот театар Иван Вазов

Кога е убаво времето луѓето уживаат во прекрасната градина пред Националниот театар Иван Вазов. Артистичното осветлување и фонтаните пред театарот прават магична атмосфера и по зајдисонце

Видиковецот на Витоша

Едно од најдобрите места за уживање во погледот кон Софија е видиковецот на планината ВитошаТреба да возите до локалите Алеко Хут или Копитото и тоа што ќе го видите долго ќе го помните.

АКТУЕЛНО