Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, соопштија денеска од МВР.
Од изречените казни, за возење без возачка дозвола се 18, 25 мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за непрописно престројување на возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.