Search
Search

Сопственик на скопско кафуле станал газда и на дел од улица во Влае

 

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави дека сопственикот на објектот на кафулето „Кино Влае“ станал газда и на дел од улица за само 285 денари од метар квадратен.

ИРЛ објави дека постапката била овозможена од Министерството за финансии, и тоа во 2014 година кога на власт била ВМРО-ДПМНЕ, а истата завршила шест години подоцна кога државата ја предводи СДСМ.

Подрачната единица при Управата за имотно-правни односи го прифатила барањето на фирмата „Аполо Инженеринг“ за приватизација на државно земјиште, кое опфаќа дури 153 квадрати од улицата „Есперанто“.

За приватизацијата компанијата требало да плати 341.202 денари, но добила попуст од 35 отсто затоа што ја платила цела сума во готово. Тоа значи дека „Аполо Инженеринг“ добил дел од улицата за само 285 денари за метар квадратен.

– По приватизацијата, компанијата го продала земјиштето на Јонче Спирковски, кој е газда на „Аполо Инженеринг“, а во договорот е наведено дека имотот е продаден за цена од 2.950.000 денари со вклучен ДДВ, објави „ИРЛ“.

 
 
 
 
 

АКТУЕЛНО