Search
Search
ФОТО: Градска редаксија

По 5 години постоење згаснува АД ГЕС – Скопје

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука на следната седница да се гласа за затворање на АД ГЕС – СКОПЈЕ.

 

На денешното Собрание на акционерите на АД Градски енергетски системи – Скопје, се избра претседател на собранието, а тоа е Трајко Славески кој претседава со Советот на Град Скопје, кое пак е единствениот акционер на АД ГЕС.

Собранието на АД ГЕС  пак донесе одлука за зголемување на главнината на друштвото и да се закаже нова седница на Собранието на акционери кои би било пред одржувањето на наредната седница на Советот на Град Скопје, закажана за наредниот месец. 

Гоце Трпчевски, досегашниот претседател на Собранието на акционери, истакна дека лани не била одржана ниту една седница и не се усвоени материјали за друштвото. Тој истакна дека од лани нема функционални органи на управувачкиот тим, а членовите на Надзорниот одбор дадоа оставки, друштвото нема вработени и деловен простор, а само е регистрирано во Централниот регистар. Трпчевски истакна дека АД ГЕС во моментов има финансиски обврски од 120.000 денари кон институции и има 14.000 евра на наменската сметка кои ги има добиено како како учесник во проектот за ублажување на енергетската сиромаштија на домаќинствата.

Немаше предлог за членови на Управен одбор на претпријатието за енергетика на Град Скопје „Градски енергетски системи“ (ГЕС), па членовите на советот на Град Скопје предложија на наредната седница за советнички прашања да се гласа за престанок на работа на АД ГЕС-СКОПЈЕ.

И Трпчевски очекува на таа седница да се донесе заклучок за престанување со работа на АД ГЕС – Скопје и усвојување на ревидираниот финансиски извештај за 2021 година.

Со одлука на Советот на Град Скопје која доби зелено светло од градските советници на седницата одржана на 3 јули 2018 година, беше основано новото јавно претпријатие АД „Градски Енергетски Системи“ – Скопје“ со основна дејност – вршење на енергетски дејности: снабдување на природен гас и топлинска енергија. Друштвото беше формирано поради тоа што беа „создадени услови за преземање на топловодната мрежа и започнува да се имплементира процесот на гасификација на градот, во кој граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото јавно претпријатие“.

Но, тоа не се случи и покрај заложбите на екс-градоначалникот, Петре Шилегов, а Владата лани одлучи делот од топловодната мрежа да му ја даде на АД ЕСМ.

 

Н.Ш

АКТУЕЛНО