Search
Search

Спасовски: Нема масовна злоупотреба на личните податоци, најголемата злоупотреба е преку порталите…

Ние и досега сме постапувале по предмети кои значат злоупотреба на лични податоци. Не може да стане збор за масовна злоупотреба на податоци. Бројот на случаи за кои постапуваме не е број кој може да не алармира. Сите институции кои постапуваат по личните податоци имаат свои правила и процедури. Најголемата злоупотреба е преку порталите и социјалните мрежи и мора да се работи на тоа, истакна денеска Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата на седницата во средата посочија дека се сомневаат дека при јавната набавка за дигитализација на матичните книги со податоци за умрени, родени и венчани не биле предвидени мерки за заштита на приватноста на податоците и дека постоел висок ризик за тргување на лични подататоци.

На седницата ДКСК одлучи да покрене иницијатива до Основното јавно обвинителство поради сомневање за злоупотреба на личните податоци на граѓаните преку Управата за водење на матичните книги и фирмите Новатек ИНВ и Аукта.

Во условите на тендерот се барале сертификати кои докажувале квалитет на економските оператори за работа со класифицирани т.е. доверливи податоци и информации, но не и квалитет за собирање, контрола, обработка и пренос на лични податоци.

-Имаме ситуација на изразени ризици дека се изнесени лични податоци и не се знае каде се отидени на граѓаните на оваа држава од страна на Управата за водење на матични книги преку економските оператори што го добиле овој тендер и нивната меѓусебна поврзаност, изјави, истакна на седницата Владо Горгиев член на ДКСК.

 

АКТУЕЛНО