Search
Search

Спасувачката акција за лице кое скршило нога на Водно

Спасувачка акција за лице со скршена нога при пешачење на патека на Водно е спроведена вчера доцна попладне, по известување на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во акцијата организирана од Секторот за операции и координација при ЦУК со Регионалниот ЦУК Скопје, учествувале двајца припадници од Министерството за внатрешни работи и медицински тим од скопската Служба за итна медицинска помош, а до повредениот стасале пешки заради  оддалеченоста на местото на несреќата од патот.

-На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на Службата за итна медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа – информираат од ЦУК и додаваат дека во 17 часот кај повреденото лице на помош стигнале специјалци од ЕБР на МВР, по што се преземени активности за транспорт до болница. 

АКТУЕЛНО