Стојановски: Сиљановска вели дека се бори за правна држава, а најавува помилување на осудените за 27 април

„Се најавува помилување од кандидатката за претседател на осудените за 27 април, на која едно од главните ветувања е дека ќе се залага за правна држава. Дилемата е колку помилување на овие или кои било правосилно осудени лица е компатибилно или е во колизија со таа борба за правна држава“ рече новинарот и уредник на „Фокус“, Влатко Стојановски во утринската програма на „Слободен печат“ и „Градска.мк“.

Тој додаде дека се прави манипулација дека за 27 април се гонат за тероризам, но тоа не е класичен тероризам, туку терористички загрозување на уставниот поредок.

„Тогаш имаше обид да се оневозможи реализирање на волјата на парламентарното мнозинство, без разлика како е струкирано. Имаше јасно декларирана волја на парламентарно мнозинство и упадот беше за спречување на тоа“ рече Стојановски.

Повеќе од разговорот со Стојановски во видеото во продолжение.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави