Фото/Градска редакција

Студентите на прв академски час

Низ универзитетите во Северна Македонија денес  почна академската година. Забележливо низ главниот град, млади бруцоши  кои брза да стигнат на факултетите на кои се запишани. Стресот од неизвесното и еуфоријата видливо низ нивните лица.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се обрати по повод почетокот на академската 2023/2024 година. Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а на настанот се обратија и министерот за образование, Јетон Шаќири и министерот за здравство, Фатмир Меџити, како и проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје и проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.

„Преку Министерството за образование и наука доделуваме повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи. Најголем дел од категориите на стипендии ги изедначивме на сума од 6.050 денари месечно, што е зголемување за 80% од претходно. За студентите пак кои се запишани на дефицитарни студиски програми по математика, физика и хемија, а од минатата година и на земјоделство, шумарство и ветеринарство – има месечни стипендии во износ од 18 илјади денари. Од лани воведовме стипендии и за студенти на студиските програми за превод, историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, во износ од 6.050 денари„ вели премиерот Димитар Ковачевски.

Според него веќе од денеска, на самиот почеток на студентската година, на над 20.000 студенти, им се достапни средства за студентски оброк, сума која годинaва е покачена, од 120 на 140 денари на ден или околу 50 евра, на месечно ниво.

Додава дека Министерството за образование и наука веќе склучи договор за обезбедување средства во износ од 25 милиони евра за реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Н.Ш

 

 

 

АКТУЕЛНО