Светот во розово- Арсовска 10 дена носи иста кошула

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска денеска третпат ја носеше истата кошула додека ја проверуваше изградбата на улиците во Шуто Оризари.

Таа денеска не се појави на Седницата на Град Скопје и одбра да изврши увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари.

Пред неколку дена таа носејќи ја истата кошула  изврши увид во градежните работи на новиот мега-парк „Даме Груев“, во општина Ѓорче Петров.

Својата премиера оваа кошула ја доживеа на 10 јули на заедничкиот прес на директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева, кога Арсовска буквално викаше пред медиумите дека Мазнева е храбра жена која се бори со мафијашите во претпријатието.

Поврзани објави