Search
Search

Танеска: Ако Словенија можела да се трансформира во една од најеколошките земји, може и Македонија

На панел дискусијата организирана од Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, каде учествуваат Никола Наумовски, политиколог и Соња Танеска, уредничка на Градска.мк. се зборуваше за зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој.

На прашањето колку е реална зелената агенда, Соња Танеска, уредничка на Градска.мк одговори дека доколку се споредиме со Словенија, според големина, број на население, ако можела да ги искористи предпристапните фондови на ЕУ, и да се трансформира, како една од најеколошките држави, особено со примерот на главниот град Љубљана, тогаш може и Македонија,

„Во поглед на зелената агенда јас само би рекла дека се е возможно затоа што и Словенија ги имала истите притисоци, по што најчесто ние се споредуваме со Словенија според големина, според населеније, според географски релиев. Ако можел таа да ги искористи предпристапните фондови за Европска унија и да се трансформира во зелена држава, како една од најеколошките држави особено со главниот град Љубљана тогаш може и Македонија. Меѓутоа потребна е волја и потребна е стратегија. Ако го земеме градот Скопје зелени агенди, политиката е таа која ги диктира зелените агенди, политиката е таа која го диктира неговиот развој. Пранешниот градоначалник Петре Шилегов воспостави накаква агенда во неговиот мандат во однос на екологија, гасификација, тоа се смени откако дојде Арсовска, која кажа дека и е во фокусот зелената агебда, меѓутоа реалноста е сосема поинаква. Не ја гледаме во целост таа зелена агенда, изгубивме 2 години од нејзиниот мандат, изгубивме многу од таа стратегија, вели Танеска“.

Сето тоа се сопре, имам чувство како за инает да  не се искористуваат до максимум тие европски фондови, додава таа.

Танеска рече дека според информациите што ги поседува Министерството за животна средина работи во рамките на своите можности бидејќи има недостаток на стручен кадар.

„Јас колку што знам редовно се оди на тие состаноци во Брисел, нашето законодавство е синкронизирано, но најголемиот проблем е недостаток на луѓето затоашто, да, тие политики се формират тие законо постојат но тие треба да се спроведуваат, а спроведувањето е еднои од најтешките задачи. Спроведувањето на тие политике не треба да се погрижи само Министерството за животна средина, туку тоа треба да се има огромна помош и од општините, Градот Скопје, значи локалната самоуправа“.

Според политиколог Никола Наумовски , Зелена агенда може да ја сфатиме како уште една европска фраза која треба да покрие некаков процес во наредните неколку години,

Но зелената агенда е многу повеќе од тоа, тоа е прашање кое Македонија треба да си го одговара без разлика дали сме кандидат за  член во ЕУ,  дури и ЕУ да не е во близина, дури и да се наоѓаме на друг континент.

Зелените прашања се од егзистенцијално значење за секоја земја, за секој град.Прашањата за зелените процеси, прочистувања, инфраструктура, се прашања кои мора да ги одговориме што побрзо. Дополнително тие се измешани со европските процедури, но и со непостоењето на вистинска зелена политичка опција кај нас, нешо што го има како пракса последните 30,40 ,50 години во напредните западни демократии, и кои се „виновни“ што денес ЕУ ги наметнува зелените прашања на кандидатите, потенцира Наумоски.

На прашањето на Јордановска кои се слабите алки во проблематиката како да го промениме менталниот склопна граѓаните, да не размислуваат про или против еколошките прашања, туку тоа да произлегува од нив самите,  зелената агенда да им биде приоритет, вклучително и на локалната самоуправа, Танеска го истакна примерот како истите тие луѓе кога ќе отидат во Еропската унија знаат и тоа како да бидат еколошки освестени, но кога се во Македонија не се толку еколоѓки освестени.

Ова е можеби едно клише кое сме го виделе во реалноста како функционира, а зошто е тоа така- стравот од казните во странство, вели Танеска. Мислам дека во Македонија има неостаток од ценење на ресурсите, не ја цениме водата како природен ресурс, ја користиме максимално некорисно, за полевање бавчи.

„Според мене, плаќањето казни и високи комуналии, колку и да звучи како непопуларна мерка, мислам дека тоа ниту една власт не сака да го воведе, е еден од успешните модели во Шведска, вели Танеска и нагласува дека на еколошката свест треба да се работи уште од мали нозе, од дома“.

Наумоски го посочи примерот како сите сме подготвени инстантно да ги платиме сметките за телефон, а при тоа бараме начин сметките за смет, за вода, за училиште, за градинка да ги одложиме колку што можеме повеќе.

Тоа ме натера да помислам колку ние всушност евтино плаќаме за целиот тој процес на комунален отпад да биде решен од Градот и на крајот сепак да бидеме незадоволни како изгледа градот во смисла на хигиената, вели Наумоски.

 

АКТУЕЛНО