Таткото на Вања останува во ,,Шутка”, одбиено барањето за куќен притвор

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, и понатаму останува во притвор во истражниот затвор ,,Скопје”, одлучи денеска судија на претходна постапка, велат од Кривичниот суд за ,,Фокус”.

Ова значи дека судијата го одби барањето на адвокатот Владимир Туфегџиќ неговиот клиент да оди во куќен притвор.

Таткото на Вања беше уапсен на почетокот на декември по што заврши во притвор, како еден од осомничените. За него останатите уапсени посочиле дека бил во комуникација со првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, односно наводно му кажал во колку часот неговата ќерка излегува од дома за да оди на училиште.
Од обвинителството ги чекаат вештачењата на прибраните материјални докази, по што ќе биде познато дали има и материјални докази кои го поткрепуваат ова сведочење за вмешаноста на таткото.

Четиринаесетгодишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца признаа вина. Сите се наоѓаат во притвор.

Палчо, кој е осомничен за извршител на убиствата, е во притвор во Турција и се чека негова екстрадиција.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави