Search
Search

Тешко повредено 22-годишно момче откако со „форд“ излетал од скопската обиколница

Дваесет и двегодишно момче е тешко повредено откако со своето возило излетал од скопската обиколница.

„На 14.02.2024 околу 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник кај с.Стајковци, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(22) од с.Марино, општина Илинден, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

АКТУЕЛНО