Search
Search

Тетовци ќе плаќаат четири пати поскапо за собирање на ѓубрето

Откако австриската „Заубермахер“ ја презеде работата за отстранување на ѓубрето во тетово, граѓаните сега ќе плаќаат четири поскапи сметки за оваа услуга, обвинија денеска од ДУИ.

Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари предупреди за зголемување на сметките за вода и општинските услуги во Тетово. Ајдари оцени дека општината го пренамени општинското претпријатие во јавно-приватно партнерство за, како што рече, да им нанесува штета на граѓаните и ги зголеми цените за услуги кои не го дава.

-Отсега натаму, благодарение на раководството на општина Тетово, граѓаните ќе плаќаат четири пати повеќе од она што досега плаќале за отпадот. Тоа најдобро го докажуваат фактурите што стигнале до граѓаните од компанијата „Заубермахер“, фирма со која општина Тетово се договорила да управува со отпадот на граѓаните. Како што гледате, граѓаните кои досега плаќале 300 денари за сметка, сега ќе плаќаат до 1.300 денари месечно, а за една година едно семејство ќе троши 200 евра повеќе, благодарение на неправедните одлуки на поединците кои раководаат со општина Тетово.Сето ова дојде како резултат на неможноста да се менаџираат општинските институции правејќи ги јавно-приватно партнерство, само за да имаат корист луѓето од нивниот близок круг. Додека сето тоа оди на сметка на граѓаните и директно се одразува на семејниот буџет, истакна Рина Ајдари.

Според Ајдари, тетовци се принудени да плаќаат за фиктивни услуги кои воопшто не ги добиваат.

 

АКТУЕЛНО