Search
Search

Тинејџер од тетовско организирал борба помеѓу кучиња, полицијата го приведе

Тетовската полиција вчера околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го привеле 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“.

Тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

АКТУЕЛНО