Search
Search

Тирана, Загреб, Белград во полн новогодишен сјај, а како блеска Скопје?

На неполни 20-ина дена до почетокот на 2024 година, кога европските метрополи блескаат накитени и осветлени, а и дел од градовите низ државата, новогодишната атмосфера во Скопје се чувствува единствено во Општина Центар. Град Скопје деновиве ќе ги кити булеварите, градскиот плоштад и централното градско подрачје.

Новата година е нов почеток и гледање кон иднината со оптимизам, така што новогодишната ноќ може да означи крај на едно поглавје во 2023 година и почеток на новa во 2024 година.

Новогодишната ноќ е апсолутно најдобро време од годината за прославување со семејството и пријателите. Дури и ако вообичаено не ви е до забавата, новогодишната ноќ ги собира сите заедно. Без разлика каков сте поголемиот дел од годината, секој се труди да се забавува и да ја одбележи посебната пригода.

Фото Назми Абдурахмани

Во Скопје е почнато разубавувањето, на плоштадот се гледаат неколку куќички и детски воз,  но градоначалничката Арсовска пак ги напаѓа сите што го покренуваа ова прашање.  Таа ги „смируваше“ граѓаните дека градот ќе блесне  на 15-ти декември.

„Секоја година истите луѓе се демантирани. Не од нас, туку од граѓаните кои се фотографираат со Новогодишните украси во градот. За загрижените да информираме дека Градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавки“, рече Арсовска на својот Фб профил.

Градска.мк контактираше некои граѓани кои рекоа дека украсувањето на градот требало да почне порано.

„Мислам дека градот требаше порано да се украси за да можеме да излеземе со децата и да уживаме за новогодишните празници. Мислам дека две недели се премалку“.

Друг граѓанин рече дека трошењето пари за новогодишно украсување е беспредметно.

„Овие пари треба да се дадат за други услуги што ни недостасуваат, на пример за регулирање на јавниот превоз“, рече Ќамуран Алиу за Градска.мк.

Општина Центар прва украси

И додека го чекаме петок кога според ветувањата на градоначалничката Скопје ќе блесне, во Општина Центар веќе заврши украсувањето, на повеќе локации се поставија новогодишни елки, светлосни фигури, украсни ЛЕД-светилки и други новогодишни украси. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека граѓаните заслужуваат да уживаат во предновогодишната атмосфера.

Општина Центар е единствена украсена општина во Градот Скопје. Мислам дека по поскапувањата и штедењата, по економската криза, граѓаните имаат потреба да излезат и да прошетаат по украсени улици и да ја почувствуваат предновогодишната еуфорија и позитивен дух. Сите ние имаме потреба од тоа и затоа годинава украсивме на неколку локации со цел да ги развеселиме граѓаните. Затоа ги поканувам сите да дојдат во Општина Центар и да уживаат во новогодишната бајка – вели Герасимовски.

На Сквер Јадран поставена е новогодишна елка висока 9 метри, а просторот е украсен со светлосна мрежа од ЛЕД-светилки и светлечки фигури. Иста таква елка има и на улиците Боемска 1 и Боемска 2, а улиците се украсени со светлечка мрежа во облик на ѕвездено небо и со светлечки фигури на бандерите. Ѕвездено небо и украсни фигури се поставени и во должина на улиците Орце Николов и Михаил Цоков, а украсен е и плоштадот пред Општината, каде што има поставено мрежа со светилки на сите дрвја, светлосни фигури, забавен парк и дрвени куќички.

На улицата Народен Фронт е поставен портал на алуминиумска конструкција, украсен со светлечки елементи, а поставени се и светлосни фигури. На Сквер Капиштец е поставена елка висока девет метри, а просторот е накитен и осветлен новогодишно. И во Парк Капиштец е поставена новогодишна елка, мрежно осветлување и светлосни фигури – прецизираат од Општина Центар.

Општината подготвува и предновогодишна програма. Во периодот од 13 до 27 декември, во Рамстор мол ќе се одржат повеќе интересни настани, ликовни изложби, настап на „Златно славејче“, новогодишни базари на кои ќе учествуваат основните училишта и градинките од Центар. Централната новогодишна забава е планирана за вечерта на 28 декември на Боемска, а преку ден на 28 декември ќе има и детска забава со доделување новогодишни пакетчиња.

Општина Центар е во преговори со домашни естрадни имиња за вечерната журка. А еден ден претходно, на 27-ми со почеток од 19 часот, на скверот пред Италијанска амбасада ќе се одржи настан „Џез под ламба“, каде што џез-бенд ќе изведува новогодишни нумери, а ќе има изненадувања за сите што ќе ни се приклучат таа вечер – велат оттаму.

И додека центарци уживаат во новогодишната атмосфера, во другите делови од градот се чини не наближуваат празниците. Новогодишното украсување во општина Карпош ќе почне во текот на следната недела, односно околу 20 декември. Но, празничната атмосфера ќе ја почувствуваат само жителите на Влае.

Украсувањето е планирано да се изврши на плоштадот Делфина, како место каде што има најголема фреквенција на граѓани. На плоштадот ќе се постави новогодишна елка и други новогодишни украси. Новогодишна програма за ноќта на 31 декември не е предвидено, но на 24 декември е планирана дневна предновогодишна забава за карпошани на плоштадот Делфина – велат од Општина Карпош.

Од другите скопски општини нема информација дали ќе има и кога ќе почне новогодишното украсување.

 

Како изгледат другите главни градови?

Главните градови на соседните земји се веќе украсени и граѓаните не ја кријат радоста излегувајќи со семејствата низ плоштадите украсени за новогодишните празници.

Во меѓувреме погледнете како се украсени некои од градовите и каква е атмосферата токму во пресрет на празниците:

Шарените празнични светилки беа запалени и во паркот на езерото во Тирана! рече градоначалникот на Тирана, Еријон Велија.

Загреб, Хрватска

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by 土肥 英之🌏 (@hideyuki_doy)

Белград, Србија

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Natasa Urukalo | Digitalni creator (@tashnica)

Солун, Грција

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Михаил Гаџовски (@mihaild7k)

АКТУЕЛНО