Search
Search

Тоа што го добивте од Србите е лажен томос и срам за Црквата, вели Митрополитот Кирил

Откако минатиот викенд во црквата „Св. Софија“ во Охрид, за празникот Благовештение на Пресвета Богородица, беше отслужена Литургија по повод Третата недела од Великиот пост, заедно со Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, Митрополитот на Имврос и Тенедос Кирил, во интервју за 360 степени изјави дека тоа што го добивме од Србија е лажен томос и е срам за Црквата.

Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, десна рака на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и одговорен за нашето црковно досие, во првото интервју дадено за македонски медиум, ја пренесува перспективата на Вселенската патријаршија од каде што МПЦ-ОА очекува томос за автокефалност и прифаќање од севкупната православна екумена.

– И тука Русите, растревожени да не ја изгубат и оваа земја – затоа што, за жал, тоа е целта, наметнувањето на Русија на оваа земја – ги натераа Србите, брзо-брзо, брзо-брзо, да го дадат тој псевдотомос, вели г. Кирил во интервјуто за 360 степени.

Изјавата е објавена помалку од една недела од заедничкото служење на големиот празник Благовештение на Пресвета Богородица, кога домаќинот, Митрополит Тимотеј му порача на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј дека не само црковниот клир и монаштвото, туку и верниците кај нас очекуваат добивање на томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија.

 

Извор: 360 Степени

АКТУЕЛНО