„Трчаме за Рацин“ – први на 10 километри Мартин Трајановски и Адријана Поп Арсова

На веќе традиционалната трета атлетска трка „Трчаме за Рацин“ во чест на Коста Солев Рацин синоќа низ велешките улици со старт и цел кај неговиот споменик кај Гимназијата „Кочо Рацин“ првото место во трката на 10 километри го освои Мартин Трајановски со време 36:33 минути втор беше Ријат Шеипи преставник на Армијата со време 38:09, а трет Миле Иванов со време 38:14.

Во женска конкуренција на 10 километри прва е Адријана Поп Арсова од СК„Делтта со време 37:23 втора Фросина Михајловска од АК „Аеродром“ со време 42:34,а треа Теа Божиновска од АК Скопски Маратон со време 44.02 .

Во трката на пет километри во машка конкуренција прв е Александар Арсов од АК „Делта“со време 17:27 минути втор Роберто Димитриевски од АК„Велес“ од Велес со време 17:31, минута а кој цело време ја водеше трката и беше бодрен од бројната домашна велешка публика,а трет на целта пристигна Григоријан Никовски од АК„Делта“ со време 17:41

Во женска конкуренција прва на целта на пет километри пристигна Ирма Хајдари од АК„Делта“ со време 21:01 минута,втора е Емили Ивановска со време 21:06 а трета Марија Пеликон претставник на Армијата со време 22.14.

Организатор беше АК „Борец“ со поддршка на Општина Велес и бројни спонзори.

Воедно беа прогласени и добија дипломи и најдобрите екипно, како и во старосни категории.

Вчера попладне низ велешките улици се одржа и веќе традиционалната Детска трка на која учествуваа голем број велешки основци и за која има се’ поголем интерес кај најмладите, потенцираат организаторите.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави