Search
Search

Три бронзи за македонските каратисти на Балканското првенство за деца

Три бронзени медали освоија македонските натпреварувачи на првиот ден од Балканското првенство во карате за деца кое овој викенд се одржува во црногорскиот град Бар.

Со бронзени одличја се закитија Мила Николова во борби во категоријата над 50 килограми, како и Тодор Сутинов и Верон Дервиши во кати.

Ова е најмасовно детско Балканско првенство во карате во историјата со преку 2.000 учесници (натпреварувачи, судии, тренери и официјални лица)

АКТУЕЛНО