Search
Search

Тројца скопјани каснати од улични кучиња

Вчера во 13.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Ѓ. (66) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 15.10 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.С.(49) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.

Денеска (11.03.2024) во 08.15 часот во Полициската станица Аеродром, Б.С.(75) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

АКТУЕЛНО