Search
Search

Трудовиот инспекторат донесе мерка за поништување на отказите на вработените во „Комунална Хигиена“

Државниот инспекторат за труд по поднесената претставка од вработените во ЈП „Комунална хигиена“ Скопје на кои им беа дадени откази, донесе Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Соработката помеѓу ССМ и ДИТ воспоставена на највисоко ниво, дава резултати во интерес на работниците и ССМ ја поздравува брзата реакција на инспекторатот. СУТКОЗ и ССМ очекуваат Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје на седницата која ќе ја одржи утре, на ден 25.07.2023 година постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места – се вели во објавата.

Директорката на ЈП КХС Косана Мазнева Николиќ заедно со градоначалничката Арсовска тврдеа дека откази добиле вработени кои воопшто не доаѓале на работа, а имало и вработени кои со години биле отсутни дури и од државава, а сепак земале плата.

Тие најавија и кривични пријави за ваквите злоупотреби кои биле воочени во јавното претпријатие кое поради првите неколку откази на 7 јули годинава излезе на протест и престана да го собира ѓубрето од скопските улици поради што Градот беше доведен на работ на еколошка катастрофа.

АКТУЕЛНО